Грижа за корисници
Во Supplements Sports Nutrition ја почитуваме Вашата приватност, затоа за Вашите податоци се грижиме со исклучително внимание.
Во оваа Политика на приватност Ве известуваме за основите на прибирање на лични податоци, вид на податоци кои ги прибираме, обработка, користење, откривање и пренос на Вашите лични податоци.
Сите информации се сигурни, и нема ни под било кои услови да ги отстапиме на трети лица без законска основа, што Ви осигурува поптполно сигурно и безбедно работење и соработка со Supplements Sports Nutrition.
Ве молиме внимателно да ја прочите оваа Политика на приватност и сите информации кои се во нејзината содржина бидејќи Вашите податоци ги користиме со согласност со оваа Политика.
Законски основи
Условите за прибирање и обработка на личните податоци дефинирани со оваа Политика на приватност, се прибираат и обработуваат на основа на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/20).
По повод извршување на нашите активности ги применуваме и одредбите со другите закони со кои се регулиураат активностите односно комуникацијата со цел промовирање на робата, услугите или деловниот углед на правното лице (Законот за електронска трговија (Службен весник на РCМ“ бр.17/11, 104/15, 192/15, 31/20)).
Лични податоци
Заради правилно и потполно разбирање на предметот на регулирање на оваа Политика на приватност Ви укажуваме дека во „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
Контролор
Поради правилно и потполно разбирање на предметот на регулирање на ова Политика на приватност Ви укажуваме дека, по законот, “контролор” е физичко или правно лице, односно орган на власт кој самостојно или заедно со другите ја одредува суштината и начинот на обработка. За успешно да ја обработиме вашата нарачка, ни треба име, адреса, е-пошта и телефонски број (број на мобилен телефон). Со помош на овие информации ќе можеме да ги доставиме саканите добра, како и да ве информираме за тековниот статус на вашата нарачка. Горенаведеното значи дека ние ги собираме вашите лични информации првенствено со цел извршување договор со вас.
Ние, исто така, ги собираме вашите податоци со цел да ги следиме легитимните интереси на Supplements Sports Nutrition, освен ако вашите интереси или основните права и слободи не ги надминуваат овие интереси. Под легитимни интереси подразбираме: информации за промени во услугите и производите, промените во ценовниците, постапките, придобивките и другите новости во работењето на нашата компанија; да ве контактираме во случај на поплака, одговор на вашето барање или истрага; да ве поканиме на презентации, саеми или слични настани и настани што ги организираме; да го подобриме квалитетот на нашите услуги за поддршка на клиенти; да се тужи и да се брани од тужба.
Ние, исто така, ги собираме вашите податоци за да ги почитуваме законските обврски.